„Пројект Немачка“ – Хрват креирал сајт со информации за мигрирање во Германија со опција за македонски јазик

Пред 2 години кога дошол во Германија, како дипломиран социолог, забележал дека лицата од Југозападна Европа имаат проблем со снаоѓањето во земјата. Драго Јукиќ е 25 годишник од Хрватска, кој сакал лицата кои емигрираат во Германија да ги информира за сите потребни процеси низ кои треба да поминат за легално и успешно да живеат и работата во оваа европска земја. Забележал дека најмногу проблеми имаат со визните процеси, првите почетоци, наоѓањето работа и стан, како и изучувањето на германскиот јазик. За таа цел ја создал веб страницата „Пројект Нјемачка“, која има опција за следење и на македонски јазик.

Одлучил да го вметне и македонскиот јазик, бидејќи има голем број на лица, особено млади од земјава кои одлучиле кариерата да ја градат токму во Германија. Јукиќ им порачува на сите кои се заинтересирани за работа и живеење во Германија, добро да се подготват со овие потребни информации со цел да бележат успеси.