Пуштен во употреба Ургентен центар во тетовската болница

Во Клиничката болница во Тетово вчера беше пуштен во употреба Ургентен центар каде пред сѐ ќе се врши тријажа, односно тука ќе им се пружа помош на итните случаи кои досега се третирале во амбулантите на Интерното и Хируршкото одделение.

Министерот за здравство Фатмир Меџити со директорите Плумб Вела и Блерим Османи пресекоа црвена лента со цел на свечен начин да го означат почетокот на работа на Ургетниот центар.

Инаку зошто Ургентниот центар, досега не функцонирал, иако се користеа дел од просториите во зградата, ниту министерот ниту директрот немаа конкретен одговор.

Данијела Билбилоска