ПЦЕР го повика првиот човек на полицијата да преземе мерки против полициската бруталност

Од Партијата за целосна еманципација на Ромите, велат дека полицијата која во недела за време на полициски час упаднала во импровизираната населба кај Железничката станица во Скопје на насилен начин привела деца, стари и изнемоштени лица. Оттаму бараат Министерот за внатрешни рабори Наќе Чулев да преземе соодветни мерки против насилството врз оваа категорија граѓани.

Ибраимовски вели дека имало нарушување на јавниот ред и мир додека траел полицисчкиот час. Вистина е дека луѓето кои живеат во импровизираната населба кај железничката станица во Скопје пуштале гласан музика, но ова прекршуавње не се решава со полициски бруталност особено кон деца и стари и изнемоштени лица.

Ибраимовски го повика првиот човек на полицијата да преземе серизони чекори против полициската бруталност.

Од Министерството за внатрешни работи  велат дека од полициски службеници од Полициската станица Аеродром, биле преземени мерки и активности по пријава од граѓанин за констатирани прекршувања на полициски час од група на граѓани кои биле собрани на јавно место и го нарушиле јавниот ред и мир со пушање гласна музика. Потоа пет лица, најпрво дрско се однесувале кон полициските службеници по што физички ги нападнале, а едно од нив фрлило со камен кон полициското комбе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!