Работилница во Гостивар за подобра соработка на медиумите и судовите


Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Судовите да бидат потранспарентни и подобро организирани за давање информации, новинарите повеќе да внимаваат на правилата за судско известување. Двете страни да се гледаат како партнери и да наоѓаат разбирање за надминување на проблемите. Ова беа дел од заклучоците од денешната работилница што се одржа во Апелациониот суд во Гостивар, наменета за новинари и судии од регионот. Настанот го организираше судско-медиумскиот совет при Здружението на судии. Целта е да се зајакне соработката меѓу фелата која е надлежна за делење правда, и фелата што ги пренесува информациите во јавноста.

Забелешката од новинарите генерално беше дека тешко доаѓаат до информација од судовите.

„Од она што новинарите го кажаа, практично излегува дека новинарите не комуницираат со судовите. Транспарентноста е нула. Во Тетово слушнавме дека има 2 портпароли, но никогаш не креваат телефон, не ги информираат новинарите. Слушнавме дека во Гостивар нема портпароли, ниту во Основниот, ниту во Апелациониот суд, а тоа е законска обврска“, рече Соња Деловска, новинар, член на Судско-медиумскиот совет.

Дека се потребни функционални стручни кадри за односи со јавност во судовите се сложува и претседателот на Апелација во Гостивар, Беким Мехмеди.

„Навистина се потребни функционални стручни кадри за односи со јавност во судовите, ПР лица кои професионално, стручно би ги давале информациите на новинарите. Тој недостаток на човечки ресурси постои, реално такви се можностите, но трендот наметнува потреба да се ангажира таков кадар“, изјави Мехмеди.

На дебатата секоја страна ги бранеше своите аргументи. Новинарите дека судиите мора да бидат поотворени и попристапни за информации. Судиите дека е неопходно новинарите повеќе да се едуцираат, за да не прават грешки кога извесуваат од областа на судството.

На крај беа едногласни во мислењето дека треба да градат партнерски однос, со почитување на правилата.