Работилница за рачна изработка на керамика во Гостивар

Под мотото „Да се вратиме на традицијата“, во Гостивар се одржа десетдневна работилница за рачна изработка на керамика. Уметници и граѓани имаа можност бесплатно да го научат процесот на изработка на најразлични керамички садови, како и техниките за декорација. Работилницата беше прва од ваков вид во гостиварскиот регион и побуди голем интерес кај гостиварци. Идеја и организацијата се на скулпторот Џезаир Реџепи. Учесниците работеа под менторство на познати уметници од Албанија.

„Ментори беа познатиот професор Колевица, кој беше задолжен за изработката и неговата сопруга Андонеда за декорирањето. Учесниците создадоа успешни творби, благодарение на добрите ментори и трудот, интересот и вниманието што ги вложија“, рече Реџепи.

Во следните денови керамичките садови ќе го поминат процесот на печење за да ја добијат конечната форма. Секој од учесниците во работилницата ќе си понесе по една своја изработка, како спомен и потсетување дека традицијата треба да се негува и да не се заборави.

Оваа активност во Гостивар се реализираше со поддршка на Министерството за култура.

error: Content is protected !!