Радоњиќ: „Да ги насочиме младите на здрав и спортски живот“

После пауза од 15-тина години, пред две години повторно почна да функционира фудбалската школа на најстариот Македонски фудбалски клуб, Љуботен од Тетово. Во неа членуваат 50-тина млади фудбалери кои се натпреварувааат во Детската лига на Фудбалската федерација на Македонија, како и во Регионалната полошка лига. За развојот на младите фудбалери се задолжени двајцата тренери, поранешниот капитен на ФК Тетекс како и интернационалец во Германија, Среќко Мисајлоски и поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Ивица Радоњиќ.

„Целта на младинската школа на ФК Љуботен е во иднина повторно да произведува фудбалери кои ќе настапуваат за сениорската екипа, но и да ги насочи младите на здрав и спортски живот“ – рече Ивица Радоњиќ, еден од тренерите во младинската школа на ФК Љуботен.

Младинските категории на ФК Љуботен со тренинзи за пролетниот дел од сезоната ќе започнат на 3-ти Февруари (понеделник).