Размислуваат ли Тетовци за летниот одмор – домашен туризам или нетрпеливост за отворање на границата со Грција?

Граничниот премин со Грција е затворен, барем до 15 јули. Се распределуваат платежни картички за поттикнување на домашниот туризам. Охрид, Струга, Дојран се местата во земјава кои секогаш биле полни за време на летниот период. Но, како размислуваат Тетовци? Со оглед на ситуацијата, дали планираат да одат на одмор и каде?

„Засега никаде не одам…домашните туристички центри можеби подоцна, ќе видиме“.

„Каков одмор, немам пари за леб, а не одмор“.

„Нема одење никаде, во Тетово ќе си седиме, сега со ова пандемијава никаде“.

„Одмор со овој режим? Нема одмор, нема ниту за јадење и пиење, каков одмор…“

„Разбрав од медиумиве дека е многу скапо во домашните туристички центри, ама ќе видиме можеби ќе се предомислиме“.

„Не размислувам сега за тоа, се плашиме од вирусот, ќе видиме“.

Голем број туристички места од земјава и регионов имаат одредени протоколи според кои треба да примаат гости. Оддалеченост, дезинфекција и заштитни маски се основните начела според кои ќе поминува оваа летна сезона.

error: Content is protected !!