Ракометарите во група со Данска, Швајцарија и Финска

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците во Квалификациите за пласман на Европското првенствово во 2022 година, кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Нашите ракометари се најдоја во групата 7 заедно со селекциите на Данска, Швајцарија и Финска.

Пласман на Европското првенствов во 2022 година ќе обезбедат најдобрите две селекции од сите 8 групи и четири најдобропласирани репрезентации кои завршиле на третата позиција.

Распоред на натпревари:
1. коло – 04/05.11.2020 – Македонија – Финска
2. коло – 07/08.11.2020 – Швајцарија – Македонија
3. коло – 10/11.03.2021 – Македонија – Данска
4. коло – 13/14.03.2021 – Данска – Македонија
5. коло – 28/29.04.2021 – Финска – Македонија
6. коло – 02.05.2021 – Македонија – Швајцарија

error: Content is protected !!