Ракометарите на последни подготовки пред ЕП 2022 во Унгарија

Ракометната репрезентација на Македонија ги започна финалните подготовки пред настапот на Европското првенство во Унгарија. Нашата репрезентација на 03.01 и 04.01 ќе ги одигра последните контролни натпревари во рамки на подготовките, а во Скопје ќе гостува селекцијата на Израел.

– 03.01.2021, 18:00 – Македонија – Израел

– 04.01.2021, 18:00 – Македонија – Израел

Двата натпревари ќе се одиграат во Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје и ќе бидат затворени за јавност, односно ќе се играат без присуство на публика.