Ракомет: Чешка – Македонија 27-25

Ракометната репрезентација на Македонија го забележа првиот пораз на 14-тото ракометно европско првенство. Нашите ракометари во второто коло загубија од Чешка со 27-25. Македонија одигра одлично прво полувреме кое заврши во наша корист од 11-9. Сепак, во вториот дел чешките ракометари одлично и веднаш го презедоја водството, кое успеаја да го сочуваат до крајот на натпреварот. Најдобар во македонската репрезентација беше капитенот Кирил Лазаров со дури 11 погодоци.

И покрај поразот, Македонија сеуште има шанси за пласманот во следната фаза. За тоа ќе биде потребна победа над домаќинот Австрија, на натпреварот кој ќе се одигра утре со почеток во 18 часот и 15 минути во Виена.

error: Content is protected !!