Распишан конкурс за најдобра песна и ликовна творба на тема „Мајски латици“

Здружението за култура и уметност „Иљо Антески –Смок“ од Тетово распиша конкурс за најдобра необјавена песна и конкурс за најдобра ликовна творба на тема „Мајски латици“ за деца, млади и возрасни.  

Песните треба да бидат напишани на македонски јазик, додека техниката на изработка на личните творби е по слободен избор.

 Учесниците на конкурсот своите дела треба да ги испратат на адресата на Здружението „Иљо Антески –Смок“ во Тетово, со назнака за кој конкурс се наменети и за која категорија, најдоцна до 31 март годинава.

Резултатите ќе бидат објавени на 15 април, а наградите за најдобрите песни, во категориите деца, млади и возрасни, ќе бидат доделени на 3. Меѓународен литературен фестивал „Поетски латици 2020“, кој ќе се одржи на 11 мај во Музејот на КПМ во Тетово, додека, пак, на 16 мај ќе се доделат наградите од ликовниот конкурс во Центарот за култура „Иљо Антески –Смок“ во Тетово, на свеченото отворање на групната изложба и 9. Традиционален свечен концерт, по повод одбележување на патронатот на Здружението.

error: Content is protected !!