Расте бројката на новозаразени пациенит со КОВИД 19 во тетовско.

Постојано расте бројката на новозаразени пациенит со КОВИД 19 во тетовско.

Во изминатите 24 часа, пак, потврдени се нови 21 случај на новиот коронавирус, односно, регистрирани се 12 случаи во Скопје, пет случаи во Тетово, три во Куманово и еден случај во Штип.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447“, информираат од МЗ.

Додека расте бројот на заразени во меѓувреме се најавуваат олабавуавње на мерките

Протоколите за работа во угостителите објекти утре се на дневен ред на владина седница. Владата треба да реши, кога кафеаните и баровите ќе бидат отворени, колку гости ќе може да прими еден објект и кое ќе биде работното време. Угостителите имаат голем број забелешки. Спорно за нив останува тоа што Комисијата за заразни болести налага во 10 метри квадратни да има само една маса со четири столици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!