Расте бројот на болни со ковид

23 хоспитализирани пациенти со ковид 19 во тетовската клиничка болница. Најголемиот дел од нив се со тешка клиничка слика. Лекарите апелираат да се почитуваат мерките.

Во ковид центарот на Клиничката болница во Тетово се хоспитализирани 23 пациенти со ковид 19. Според возраста сите се над 65 години, а поголемиот дел од нив се со потешка клиничка слика. Зголеменениот број амбулантски прегледи значи зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус и во овој регион.

Капацитете за прием на пациенти ќе се зголемат со пуштањето во употреба на модуларната болница, но за да не се повтори минатогодишниот бран лекарите со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на заразата.

Инаку заклучно вчерашниот ден бројот на активни случаи во Тетово и околината изнесуваше 259. Од почетокот на пандемијата до сега се регистрирани 5 600 случаи, од кои 219 починале.