Расте бројот на заразени случаи со коронавирус во Тетово.
Расте бројот на заразени случаи со коронавирус во Тетово. Евидентирани се нови 10 позитивни на КОВИД 19.
Семејните собирања и групирања на луѓето, се најчестата причини за зголемување на бројката на новозаразени пациенти со КОВИД 19 во тетовско , оценуваат епидемиоолозите. Од почетокот на пандемијата во овој регион има формирано вкупно 25 кластери, од кои три се нови.
И покрај секојдневниот раст на позитивни случаи со КОВИД 19 граѓаните веќе се олабавени, а голем дел од нив не ги почитуваат здравствените препораки.
Нема физичка дистанца, а не се носи заштитна опрема и таму каде што има гужви. Тие сметаат дека животот треба да се врати во нормала и се против целосниот карантин за време на праникот Рамазан Бајрам.
Иако од наредната недела се најавува олабавување на мерките, граѓаните не треба да олабавуваат дека вирусот е се уште тука, вели епидемиологот Наим Скендери од Центарот за јавно здравје Тетово.
Во тетовскиот регион досега е евидентиран 161 случај на заразен со КОВИД 19, од нив 73 се активни, а има починати 15 лица.