Расчистени три кражби во Гостивар

Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар расчисти три тешки кражби, кои од 7 до 12 јануари биле извршени во објект на „Железници на РСМ“ во Гостивар и во два угостителски објекта во негова непосредна близина, а две лица од Гостивар, на возраст од 35 и 18 години се осомничени дека се извршители на кражбите. Тие со употреба на сила влегле во објектите и одзеле повеќе предмети и пари. Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, лицата биле лишени од слобода, а по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Вчера  во Гостивар, лишен од слобода е 22-годишен гостиварец, кој претходно од едно лице одзел клуч од возило, а поради нивни нерасчистени должничко-доверителски односи. Се расчистува и документира случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера две девојки од тетовско на возраст од 21 и 20 години, во СВР Тетово пријавиле дека еден час пред тоа на улица „Маршал Тито“ во Тетово физички биле нападнати од две женски лица, кои биле со возило „фолксфаген пасат“, со тетовски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Сподели