Расчистени 10 тешки кражби, кривични пријави за четворица крадци


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар расчисти десет тешки кражби во станови и куќи.

Осомничени и кривично пријавени дека извршиле пет тешки кражби во станови во Гостивар се Х.М.(21), Л.М.(21) од Форино и М.С.(24) од Чегране.Тројцата се сомничат дека од средината на октомври до крајот на ноември годинава, насилно провалувале во станови, кршејќи ги бравите од влезните врати и одземале пари, златен накит и часовници.

Осомничен и кривично пријавен, исто така, е и Ф.Р.(48) од гостиварско Речане, поради основи на сомнение дека во август и септември оваа година, со употреба на сила, извршил пет тешки кражби во куќи во Гостивар и селата Здуње, Вруток и Речане, при што одземал разновидни предмети.

Украдените предмети подоцна тој им ги продавал на други лица.