Реакции по сечењето на дрвјата долж улицата „Страшо Пинџур“

            Десетина долгогодишни дрвја кои се наоѓаа на тротоарите долж улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово денес беа исечени, откако Општината започна со целосна реконструкција во овој дел од градот. Но, овој потег наиде на несогласување кај дел од граѓаните.

            Независниот советник, Хамди Сулејмани, од Иницијативата подобро за Тетово, смета дека дрвјата не требало да се исечат и бара да се сопре  сечењето на оние кои останаа.

            Градоначалникот Биљал Касами, пак, вели дека дрвјата биле отстранети затоа што ги оштетувале тротоарите, по што ќе бидат заменети со нови и дека тоа било неопходно поради целосната реконструкција на улицата.

            Асфалтот на оваа улица беше раскопан уште во октомври минатата година, за време на претходната локална власт. Касами најави дека активностите за санација ќе завршат до крајот на јуни.         

Данијела Билбилоска