Реакција на движењето Антикоцкање за трошење на народни пари за коцкање

Наместо да го ограничи бројот на обложувалници и казина, државата со народни пари купува нови 1500 апарати за коцкање, реагираат од движењето Анти коцкање по вчерашното гласање во собранието да се одвојат 6,5 милиони евра за машини наменети за објектите каде се приредуваат игри на среќа.

Од Антикоцкање, велат дека власта намерно ја одолговлекува постапката за донесување на предлог законот за игри на среќа, кој предвидува сите обложувалници и казина да бидат оддалечени најмалку 3 километри надвор од населени места.

Од Антикоцкање најавуваат големи протести поради одолговлекувањето на постапката за донесување на новиот предлог закон за игри на среќа, но и трошење на народни пари за апарати за коцкање.

error: Content is protected !!