Регионалниот пат Тетово -Јажинце оспособен за сообраќај

Вчерашната поплава во село Доброште предизвика штети на неколку земјоделски површини, а беа оштетени и електрични столбови, поради што дел од населените места имаа прекин во снадбувањето со струја.

Нормализиран е сообраќајот на регионалниот пат Тетово- Јажинце по вчерашниот целодневен прекин, откако се излеа реката Габровница, во селото Доброште. Наносите од камења, кал и дрвја од коловозот беа исчистени до вечерните часови. Возилата се пропуштаат наизменично по една коловозна лента, додека екипите со механизација се уште работат на расчистување на теренот.

Дел од околните населени места имаа прекин во снадбувањето со електрична енергија, а поплавени се неколку земјоделски површини. За да се утврдат вкупните штети ќе се формира општинска комисија.

Излевањето на реката е резулатат на неколку дневните врнежи од дожд и топењето на снегот. Екипи на општина Теарце превентивно останиле мост во горниот дел од селото Доброште, за да се спречи селото да биде поплавено, така што водата се излеа на коловозот на регионалниот патен правен Тетово- Јажинце.