Резервни офицери маршираа на потегот Вратница-Беловиште-Петочко Водиче
Организацијата на резервни офицери на Македонија денес реализираше кондиционо-едукативен марш по повод 29-ти април – Ден на организацијата на резервни офицери во соработка со основната организациона единица Тетово и Генерал-штабот на Армијата гарнизон Тетово. Маршот се одвиваше во насока Вратница-Беловиште-Петочко Водиче во должина од 4 километри во еден правец, а збирното место пред почетокот на маршот беше селото Лешок.
На маршот зедоа учество околу 100 резервни офицери и подофицери од општинските организациони единици од Западниот регион на државата.
Ивана Серафимовска