Резиме на сезоната за ФК Тетекс

На прес конференција Управниот одбор на Фудбалскиот клуб Тетекс ги сумираше успесите кои ги постигна клубот во изминатава сезона и ја истакнаа потребата за финансиска помош за продолжување на негово непречено функционирање.

Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово останува во Втората македонска фудбалска лига во натпреварувачката сезона 2023/24, за што се избори со постигнатите успеси на одиграните натпревари.

Од Управниот одбор се заблагодарија на сите кои помогнаа во тоа, но ја истакнаа и потребата од понатамошна финансиска помош.

 За да продолжи понатаму на клубот му потребни се финансиски средства, за што се во преговори со неколку заинтересирани спонзори.

По последениот одигран натпревар сезонава, следи пауза од еден месец пред почеток на подготовителниот период за новата натпреварувачка сезона во Втората македонска фудбалска лига.

Инаку годинава за ТЕТЕКС е јубилејна, односно клубот слави 70 години од формирањето.

Данијела Билбилоска