Реисот Шаќир Фетаи со честитка до верниците по повод Бајрам

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување. Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По повод празникот честитка до верниците упати поглаварот на ИВЗ, реисот Шаќир Фетаи.