Републички избор на „Вешта жена“ на 13 мај во Тетово

По завршувањето на општинските натпревари, здружението „Вешта жена“ за во сабота 13-ти мај го најавува републичкиот натпревар во кој ќе се одбере вешта жена на Македонија за 2023 година. Републичката манифестација ќе се одржи во Тетово, а на неа учество ќе земат натпреварувачки од 11 градови од Македонија како и натпреварувачки од соседна Србија. Утре, пак, 12-ти мај, победничките од општинските натпревари и гран-при натпреварувачките, ќе ги подготвуваат натпреварувачките трпези.

Од здружението „Вешта жена“ нагласуваат дека годинава за првпат иако побарале, не добиле финансиска поддршка од општинските власти за реализација на манифестацијата.

Здружението „Вешта жена“ е познато по организирањето на општински и републички натпревари во кулинарство како и по мошне хуманитарни акции. Постои од 1992 година.

Ивана Серафимовска