РФМ аплицира за вајлд-карта за Светското во Египет

Машката ракометна репрезентација на Македонија со одлука на Европската федерација службено беше елиминирана од квалификациите за настап на Светското првенство во Египет во 2021 година. Нашата ререзентација во плеј-офот требаше да игра против селекцијата на Франција. На Светското првенство во Египет до сега се пласирани 28 репрезентации, а остануваат уште 4 слободни места. Две од тие ќе бидат

за селекциите од Северна и Јужна Америка, додека останатите две вајлд-карти ќе бидат за селекциите од европскиот континент. Токму поради тоа, Ракометната федерација на Македонија и официјално аплицираше до Светската ракометна федерација за добивање на специјална покана, односна т. Н. Вајлд карта. Според пишувањата на специјализираните портали за ракомет, Македонија е прв фаворит за добивање на вајлд карта, со оглед на тоа дека е најдопласирана репрезентација која не обезбедила пласман од последното Европско првенство. Сепак, Македонија е една од ретките земји во светот каде ракометот е спорт број еден, а единствена ваква земја која не по своја вина, не се пласира на светскиот собир.Втората специјална покана би требало да биде за селекцијата на Полска, која имаше лош настап на последното Европско првенство, но ќе биде домаќин на Светското првенство во 2023 година, и поради задржување на континуитет на играње на големите натпреварување, се очекува полјаците, покрај Македонија, да бидат втората репрезентација со специјална покана од ИХФ.

Светската ракометна федерација конечната одлука за доделувањето на вајлд картите ќе ја донесе до крајот на овој месец.

error: Content is protected !!