РЦСОО „Моша Пијаде – Тетово“ – домаќин на професори и ученици од повеќе земји

„Math, music and art will keep you smart“ – или во превод „Математиката, музиката и уметноста ќе ве направат попаметни“ – овој наслов го носи проектот во која учествува и Регионалниот центар за стручно образование и обука “Моша Пијаде” – Тетово „Моша Пијаде“ од Тетово. Професорите и учениците од денес па до петок ќе бидат домаќини на нивни врсници и колеги од неколку други земји кои се дел од реализација на проектот. Заедно ќе спроведат неколку активности, од кои голем дел ќе ја промовираат традиционалната македонска музика, а ќе посетат и неколку културно-историски знаменитости во Тетово, Скопје и Охрид.

Проектот е дел од Еразмус плус програмата.

Маја Пероска