„Сакам да сум разбран“ – обука за тетовските наставници
Како да ја олеснат комуникацијата, кога во класот имаат ученик со попреченост, е целта на обуките за наставници, во рамки на проектот „Сакам да сум разбран“ кој го спроведува Здружението за Церебрална парализа од Тетово.
Наставниот кадар од основните училишта во Тетово се обучуваат како да постапуваат кога во одделението имаат ученик со попреченост.
Со проектот „Сакам да сум разбран“ се опфатени 70- тина наставници од 6 училишта во градот. Целта е да им се даде поддршка за олеснета комуникација, во време кога голем број деца се соочуваат со говорна патологија, вели дефектологот Милица Серафимовска.
Проектот го спроведува Здружението за Церебрална парализа Тетово со поддршка од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
Данијела Билбилоска