„Сакам да сум разбран“ – обука за тетовските наставници

Како да ја олеснат комуникацијата, кога во класот имаат ученик со попреченост, е целта на обуките за наставници, во рамки на прокетот „Сакам да сум разбран“ кој го спроведува Здружението за Церебрална парализа од Тетово.

Наставничкиот кадар од основните училишта во Тетово се обучуваат како да постапуваат кога во одделението имаат ученик со попреченост.

Проектот „Сакам да сум разбран“ е со цел да се даде поддршка на наставниците за олеснета комуникација, во време кога голем број деца се соочуваат со говорна патологија, пред да појдат на училиште, како и на училиште, вели дефектологот Милица Серафимовска. 

Специјални едукатори и рехабилитатори обуки ќе се одржат во 6 основни училишта во градот.

Проектот го спроведува Здружението за Церебрална парализа Тетово со поддршка од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Данијела Билбилоска