Само во еден ден при полициска контрола откриени 73 возила со фолии

73 возила со затемнети стакла се откриени вчера во рамки на сообраќајно-контролните активности, кои континуирано се спроведуваат на поширокото тетовско подрачје. 67 возачи сами ги отстраниле фолиите, додека 6 не го сториле тоа и законски се санкционирани.

 Од СВР Тетово информираат и дека во контролата, исто така, биле откриени и 3 возила со истечена регистрација, 2 возачи без возачка дозвола, 1 кој зборувал на телефон додека возел и други прекршоци.

На возачите-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, зависно од видот и карактерот на констатираните прекршоци.

error: Content is protected !!