Само учениците од прво до трето одделение во општина Тетово ќе следат настава со физичко присуство

Раководствата на петте основни училишта, според кои во објектите има услови, не добиле согласност од Комисијата.

Училиштата од општина Тетово во новата учебна година ќе ги примат само учениците од прво до трето одделение. Иако 5 основни училишта, од кои две во градот, побараа да организираат настава со физичко присуство истите не се најдоа во Извештајот на Комисијата. Од раководствата велат дека имаат услови, но единствено согласност само за индивидуална настава за инструмент доби Музичкото училиште. Министерката за образование и наука, Мила Царовска, при денешната посета на Тетово, рече дека Комисијата ги разгледувала сите барања поединечно.

Надлежните уверуваат дека се е подготвено за почеток на новата учебна година.

За приклучување на Националната платформа за онлајн учење ученикот потребно е да се поседува компјутер со соодветна конфигурација, да има камера, звучници  и микрофон, како и интернет приклучок. Родителите за набавка на потребната опрема ќе треба да потрошат минимум 15 000 денари за настава без проблем за едно дете. Според направените анкети во тетовската општина 20 проценти од учениците немаат соодветни услови да следат настава на далечина, а со проблеми се сочуваат и родителите кои имаат повеќе деца. Според, министерката Царовска, тие часовите ќе ги следат преку телевизиските екрани на трите национални канали.

error: Content is protected !!