Само 4 регистрирани случаи на грип сезонава во Гостивар

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5061

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4777

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Грипот падна во сенка на коронавирусот. За разлика од претходните години, кога овој период грипот беше најчестата зараза меѓу граѓаните, годинава заболените може да се избројат на прсти. Според евиденцијата на епидемиолошката служба на подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гостивар, сезонава во регионот се потврдени само 4 случаи. Во јануари пак до сега, нема ниту еден. За споредба, годишно во Гостивар се регистрирале од 1.500 до 2.500 грипосани.

„Состојбата со сезонскиот грипот на подрачјето на гостиварскиот регион, за сега е мирна. За разлика од претходните години, бројките ни се неколкукратно пониски. Во сезоната на пријавување на грип, која почнува од 40-та недела претходната година до сега имаме само 4 поединечни пријави. Од почетокот на оваа година, пак немаме ниту една пријава на грип, ниту од матични лекари, ниту од инфективното одделение.“, изјави епидемиологот д-р Благородна Мишковска-Војновска.

Мерките против корона спречуваат и ширење на грип, велат лекарите. Со оглед дека двете инфекции се пренесуваат на ист начин, маските, забраните за собири, посебните протоколи за работа на училиштата и институциите, кои се антиковид мерки, даваат ефекти и за вирусот на грип.

Официјалните податоци од Институтот за јавно здравје покажуваат дека претходната сезона вкупниот број на заболени од грип во Македонија бил 33.171. На гостиварското подрачје биле евидентирани над 1.500 пациенти со грип. Смртни случаи од компликации на грип во земјава имало 3.

Од почетокот на ковид пандемијата, лани во март, на државно ниво потврдени се 90.717 заразени. Во регион на Гостивар оваа бројка изнесува 3.577. 

Материалы по теме:

Гостивар одбележува 76 години од ослободувањето на градот
Гостивар ја живее својата 76-та година како слободен град. 18-ти Ноември е значаен датум од историјата на Гостивар, испишан како Ден на конечното ослободување. ...
Дете почина во пожар во Гостивар
Трагичен настан го разбуди утрово Гостивар. Во голем пожар што се случи во стан на трети кат во зграда на ул „Кеј Вардар“, животот ...
Кризен штаб Гостивар: Изборите носат ризик, најважно е да се почитуваат мерките
Денес не се регистрирани новозаболени со Ковид во гостиварскиот регион. Сепак, Меѓуопштинскиот кризен штаб го оцени периодот што следува како ризичен и со зголемена ...
Одлуката за катни гаражи во Гостивар пред општинскиот Совет
Општина Гостивар ја започнува постапката за доделување на договор за јавно-приватно партнерство за проектирање, изградба и управување на катни гаражи. Предвидено е да бидат ...
Зачестени пожари на гостиварското подрачје
Зачестија пожарите на гостиварското подрачје. Во викендов што измина беа регистрирани неколку пожари во објекти, а гореше и во шумски предели. За среќа, пожарите ...