Само 60 % од целиот систем за наводнување во тетовско е во функција, но и овој дел од системот не се одржува целосно

Само 60 % од целиот систем за наводнување во тетовско е во функција, но и овој дел не се одржува целосно.

Поради ваквата состојба земјоделците се откажуваат од нивите, затоа што системот за наводнување не им работи со години. Покрај вода земјата им е сува.

Годинава е планирано да се исчистат 40 километри од мрежата или во проценти оваа сезона ќе работи околу 15 % од целиот систем за наводнување во овој регион.

Од тетовската подружница на АД Водостопанство, признаваат дека каналската мрежа е во лоша состојба, но за разлика од порано системот е малку подобрен. Тие како подружница функционираат годинаипол. Лани успеале да го исчиста каналот Радиовце – Бистрица, но само во горниот дел, до реката Пена, за останатиот велат немаат средства, кои ќе ги побараат од владата.

Досега од подружницата од планираните 40, исчистиле 15 километри каналска мрежа.

Тетовската подружнива на АД Водостопанство брои 20 вработени кои опслужуваат 6 општини од тетовскиот регион. Освен малата бројка на вработени тие не можат нормално да функционираат затоа што немаат доволно механизација, па често со багери и други машини се позајмуваат од главната дирекција.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Powered by Live Score & Live Score App