Санација на ударните дупки на градските сообраќајници во Тетово
Општина Тетово започна со санација на ударните дупки на градските сообраќајници. Увид во активностите на терен денес изврши градоначалникот Биљал Касами. Тој рече дека ова е привремено решение, а оваа пролет за целосно санирање на улиците ќе се издвојат 10 милиони денари.
На новинарско прашање, пак, до каде е проектот за пробивање на булеварот Благоја Тоска, Касами рече дека тој се реализира со средства од ТАВ програмата и таму не се директно инволвирани.