Саниран дефектот на водоводната цевка во Лешница

Од Јавното комунално претпријатие Тетово информираат дека е саниран дефектот на водоводоната линија на Лешница, поради кој градот 8 дена немаше доволни количини вода за пиење.

Се очекува да се нормализира водоснадбувањето во Тетово, откако успешно е саниран дефектот на водоводоната линија на Лешница. Постепено ќе се пуштаат одредени количини вода во системот, поради што уште овие два дена ќе има повремени рестрикции.

Поради свлечиште на неколку километри од село Бозовце на 23 февруари пукна главната цевка во водоводната мрежа на Лешница, што резултираше со 60% губиток на вода. Поради тоа беа активирани и гратските бунари, па заедно со стариот водовод, Тетово 8 дена се снабдуваше само со околу 200 литри во секунда, поради што беа воведени и рестрикции.