Светски ден на канцер – превенцијата и животниот стил клучни во борбата против ракот

Здравиот животен стил и откажувањето од штетните навики се особено важни при превенцијата од малигни заболувања. 4 февруари се одбележува како Светски ден на канцерот – Според Светската здравствена организација, ракот е водечка причина за смрт на глобално ниво, со податок дека во 2020 година имало приближно 10 милиони смртни случаи од канцер. Д-р Тимосије Јованоски, лекар по општа медицина, зборува за трите најчести малигни заболувања кои се среќаваат кај општата популација.

Превенцијата најмногу оди во насока на воведување здрави животни навики. Особено важно е и раното дијагностицирање за успешен третман на малигните заболувања.

Најчесто застапени скрининзи во светот за рано дијагностицирање на малигните заболувања се скринингот на дојка и грло на матка, кај жените, а се препорачува да се воведе и редовен скрининг за детекција на рак на дебелото црево преку метода наречена колоноскопија. Заклучокот кој сите здравствени експерти го потенцираат е дека редовните прегледи и грижата за сопственото здравје се од особена важност за борба против оваа водечка причина за смртност во светот.