Свечена академија во Тетово за Денот на македонскиот јазик
5-ти мај Денот на мекедонскиот јазик за првпат во Тетово се одбележа со Свечена академија, во организација на Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово. На манифестацијата беше истакнато значењето на македонскиот јазик, преку пригоден реферат на универзитетската професорка Марина Даниловска и освртот на писателот Јован Дамјановски.
Целта е и да се подигне свеста за значењето и негувањето на белезите на современиот македонски јазик.
Манифестацијата беше збогатена со богата културно-уметничка програма – поезија, драма, музика и оро.
Данијела Билбилоска