Свеченоста по повод Денот на ослободување на Тетово ќе се емитува на ТВ Кисс и Менада

И во услови на пандемија тетовскиот Сојуз на борци заедно со граѓани продолжувачи ќе го одбележи Денот на ослободување на Тетово.

Наместо во Центарот за култура, како минатата година, свеченоста по повод Денот на ослободување на Тетово, 19 Ноември, тетовци ќе ја проследат во своите домови, пред малите екрани и на радио фрекфенција.

Во предвечерието на празникот, во 20 часот на Телевизија Кисс и Менада, Канал Плус Форте Радио, како и преку live stream на youtube на каналот Слободно Тетово ќе биде емитувана програма исполнета со музика, театар и историја.

Годинава се одбележуваат 76 години од ослободувањето на Тетово.

На денот на празникот, на 19 Ноември, пред Споменикот на револуцијата свежо цвеќе ќе положат неколку делегации, но со почитување на мерките за заштита и според здравствените протоколи во услови на пандемија.

error: Content is protected !!