Свечено одбележување на 20-годишниот јубилеј на МХД во Тетово

20 години од формирањето на Македонско-хрватското друштво во Тетово, синоќа со богата музичка програма беа одбележани во Домот на културата „Иљо Антески-Смок“ во Тетово. Публиката можеше да ужива во настапот на женската клапа „Фигурин“ од Загреб, потоа во кореографиите на Културно-уметничкото друштво „Стејпан Радиќ“ од Дубровник, како и во сплетот на македонски забавни и народни песни од тетовското трио „Nameless“. 20-годишниот јубилеј на Македонско-хрватското друштво во Тетово несомнено ги отсликува  сите досегашни негови значајни успеси.

Меѓу многубројните гости присутни на вчерашниот настан беше и хрватската амбасадорка во земјава, Нивес Тигањ.

Инаку, Македонско-хрватското друштво во Тетово е основано во 2002 година. Главната цел пак, на друштвото е воспоставување и развој на односите меѓу двете држави.

Ивана Серафимовска