Свечено отворена новата канцеларија на Македонско-хрватското друштво во Тетово

Македонско-хрватското друштво, својата работа ја продолжува во нова канцеларија којашто вчера свечено беше отворена во Тетово. На отворањето на новиот деловен простор, како специјални гости присуствуваа хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ, хрватскиот државен секретар задолжен за дијаспора, Звонко Милас како и заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаку. Тие на средбата со претставниците на МХД, имаа можност одблиску да се запознаат со работата на друштвото, преку презентација на Дигиталниот архив на Хрватите во Македонија и информативната веб-платформа croatica.mk.

Работниот простор збогатен е со изложбен салон во кој беа поставени слики од последната изложба „Хрватска низ времето“ која ја органзиираше МХД во соработка со учениците од ликовната школа на уметникот Славчо Максимовски како и библиотека чиј книжевен фонд надминува 400 книги. Големиот избор на книги, различни жанровски, ќе им биде на располагање на членовите, велат од МХД.

Македонско-хрватското друштво е познато по низа активности во духот на негувањето на македонско-хрватските односи. Во блиска иднина, пак, како што најавуваат од друштвото се очекува издавање на монографија посветена на хрватскиот придонес кон Тетово и Хрватите во Тетово и тетовскиот крај.

Ивана Серафимовска