Свечен прием за првачињата во „Братство Миѓени“ во Тетово

Новата учебна година започна со еден месец задоцнување поради пандемијата, за разлика од претходните години. Учениците од прво до трето одделение настава ќе следат во училиште, а другите пред компјутер.

На првиот училиштен ден најмногу се радуваат првачињата. Но, тие годинава наидоа на поинаков образовен процес. Поради пандемијата со коронавирусот престојот во училиштето ќе се одвива по строго утврдени протоколи, но и со задолжително носење заштита на лицето.

60 првоодделенци од подрачното основно училиште „Братство Миѓени“ од Тетово денес присуствуваа на свечениот прием, кој беше организиран во школскиот двор.   

Родителите среќни што нивните деца за првпат седнуваат во училишнте клупи. Со оглед на тоа дека владее пандемија, тие се надеваат дека се ќе биде во ред.

Во општина Тетово околу 1 100 првачиња денес присуствуваа на првиот час, заедно со учениците во второ и трето одделение, во училишните објекти. Останатите следат настава пред компјутерите или на телевзија. Според раководителот на Секторот за јавни дејности, Ахмед Ќазими, засега образовниот процес со физичко присуство или со настава на далечиња се одвива без проблеми.

error: Content is protected !!