(СВР)Регистрирани два физички напади во Тетово

Вчера во 21 часот, 20-годишничка од Тетово пријавила дека околу 19 часот и 45 минути на улица „Јане Сандански“ во Тетово, најпрво ј навредувал, а потоа физички ја нападнал 62-годишник, исто така, од Тетово.

Тој и претходно бил пријавен и за два други случаи, па ноќеска околу полноќ лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Вчера во 11 чaсот и 30 минути,42-годишник од тетовски Лисец во СВР Тетово пријавил дека претходниот ден околу 19 часот и 30 минути во угостителски објект на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, физички бил нападнат од 45-годишник од тетовско Камењане.

Пријавениот е приведен е во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Вчера околу 19 часот и 10 минути, вработен во Казнено-поправната установа „Тетово“ пријавил дека во близина на оградата од дворот на објектот пронашол најлонско ќесе со хашиш. Пронајденото ќесе било подигнато и дадено на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Триесетгодишна жителка на тетовско село, вчера во 9 часот и 20 минути пријавила дека на 19 јануари годинава непознат сторител отворил нејзин лажен профил на социјалната мрежа Фејсбук и поставил фотографија и невистинити податоци и информации за неа, со што и наштетил на честа и угледот.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

error: Content is protected !!