СВР Тетово потсетуваа да се почитува забрана за ловење дивеч

Од први овој месец и на ловиштата во поширокиот Полошки регион стапи во сила таканаречениот ловостој, односно воведена е забрана за ловење дивеч, освен прелетна и штетна дивеч.

Штетната дивеч, според Законот за лов, ќе може да се лови исклучиво со  групни дозволи, односно во посебно организирани хајки.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека ловењето во период на ловостој претставува кривично дело „незаконит лов“, за кој е предвидена парична или затворска казна од една до три години, во зависност од тоа каде и што поконкретно е отстрелано.

На ловџиите им се укажува, исто така, нивното оружје да не го даваат на користење на други лица, без разлика дали тие лица поседуваат или не валидни дозволи, зашто тоа е спротивно на законската регулатива.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до ловџиите и риболовците доследно да ги почитуваат законските прописи и самоволно да не ги кршат, дотолку повеќе што веќе се интензивирани контролите на полошките простори и против сите кои на еден или друг начин ќе се однесуваат спротивно на законот, ќе следуваат поднесоци и соодветни санкции.  

error: Content is protected !!