СДСМ Гостивар: Може да се организираат 100% безбедни избори за здравјето на граѓаните

Новата нормалност значи организирање на изборен процес согласно здравствените протоколи. Избори може да се организираат и да бидат 100% сигурни за здравјето на граѓаните. Ова го истакна на денешната прес конференција, претседателот на општинската организација на СДСМ во Гостивар, Драгољуб Филипоски.

„Новата нормалност значи и организирање на изборен процес согласно здравствените протоколи пропишани од надлежните институции. Избори може да се организираат и да бидат 100% сигурни избори за граѓаните, за нивното здравје, за сите учесници во изборниот процес, но само ако сите учесници во процесот ги почитуваат протоколите. Како што со заштитни мерки ги извршуваме нашите секојдневните обврски, пазариме во маркетите или посетување банка, така со заштитни мерки можеме да го искористиме демократското право да гласаме на избори и да си обезбедиме функционално Собрание и нова, политичка влада. Институциите имаат капацитет, на денот на гласањето да ги обезбедат сите превентивни мерки за целосна  заштита на гласачите и на сите други учесници во изборниот процес. Истовремено, политичките партии имаат обврска и одговорност да водат одговорни кампањи без масовни собири каде целосно ќе бидат запазени сите мерки на заштита.“ , рече Филипоски.

Тој истакна дека борбата со коронавирусот треба да продолжи преку целосно почитување на мерките на лична заштита, што значи дека секојдневните обврски граѓаните ќе ги вршат согласно мерките.

На прес конференцијата на СДСМ во Гостивар беше речено дека поддршката за медицинскиот персонал е неопходна и дека од граѓаните зависи дали ширењето на вирусот понатаму ќе се спречи или ќе дојде до влошување на состојбите.

error: Content is protected !!