СДСМ : Ќе се вложиме во зачувување и негување на културно-историското наследство

„Како дел од мнозинството во Советот на Општина Тетово, освен негувањето на историското и културното наследство, ќе се заложиме и за поттикнување на културното творештво, создавајќи услови за работа на сегашните и оставајќи траги за идните генерации во Тетово, а со самото тоа и за целата држава“, рече Миќо Стојчески, кандидат за советник на советничката листа на СДСМ и коалицијата.