Седница за советнички прашања во тетовскиот Совет
За првпат во овој состав тетовскиот Совет одржа седница на која советниците поставуваа прашања. Листата беше долга, а одговори даваа надлежните лица, заедно со градоначалникот.
Речиси 50 прашања од советниците беа упатени до градоначалникот, раководителите на секторите и претставниците на јавните претпријатија на денешната посебна седница на Советот на општина Тетово. Се бараше одговори за чистотата на градот, за одржувањето на зелените површини, за инфраструктура и градење, за паркирањето, за кучињата скитници, за општинскиот долг и слично. Прашањата доаѓаа од членовите на Советот од сите политички партии.
Советничката група на ДУИ регираше дека градоначаникот не ги исполнил предизборните ветувања.
Градоначалникот Биљал Касами, пак, тврди дека обвинувањата на опозицијата не се издржани, дополнително нивната работа е отежната поради долгот кој го наследиле од претходната локлана самоуправа.
Данијела Билбилоска