Сезона на алергии – зголемен број на пациенти

Пролетта е период кога сезонските алергии се во кулминација. Претежно се манифестираат со симптоми на горно и долно респираторниот тракт. Во овој период бројот на пациенти е зголемен, а д-р Светлана Трифуновска објаснува кои симптоми најчесто се јавуваат, како и тоа каков е третманот на оваа состојба.

Алергиите стануваат многу актуелна состојба, односно се повеќе луѓе имаат алергиски реакции, па д-р Трифуновска ја нарекува алергијата – модерна болест. Таа апелира лицата кои се соочуваат со алергиски реакции при било каква промена да се советуваат со лекар, а потенцира деканНекогаш дури и обичното течење на нос може да е зачеток и знак за алергиска реакција.

Маја Пероска