Секојдневен метеж пред банките во Тетово

Редици на луѓе секојдневно може да се забележат пред некои од банките во Тетово, како чекаат ред за подигнување на средства. Мерката за оддалеченост од 1 и пол метар воопшто не се почитува, во време кога социјалната дистанца е од клучно значење, според препораките на надлежните. По ова прашање се огласи и градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи.

„Апелираме до банките да изнајдат решение преку кое повеќе нема да се создаваат гужви, се со цел да се намали можноста за ширење на вирусот“, рече градоначалничката.

Таа посочи дека со одговорност и следење на препораките ќе се надмине ситуацијата.

„Потребно е сите заедно да придонесеме преку своите одговорни постапки, за спрчеување на ширењето на вирусот. Јас верува, дека смао заедно ќе успееме да ја надминеме оваа ситуација“, истакна Арифи.

Централното градско подрачје, во текот на денот најчесто е полно со граѓани кои формираат групи чекајќи да ги завршат обврските.

error: Content is protected !!