Села – Да го урнеме режимот кој се уште е дел од власта.


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на конвенцијата на коалицијата која ја сочинуваат неговата партија со Алтенратива го побара гласот од тетовци како што рече да се урне режимот кој владее со државата 18 години.

Само  со уривање на режимот ќе се подобри животот на Албанците. Пола од режимот успеавме да го урнеме , но се уште со оваа држава владее ДУИ. Со победата на нашата коалиција ќе донесеме промена, но и ќе го урнеме режимот, кој во оваа држава владее 18 години.

-Вие имате право да сонувате за подобро здравство, подобро образование, подобар живот пред се. Ние тоа со Алтернатива ќе ви го озвозможиме. Сакаа да не стават во една игра едно општество за сите, но не успеаа. Ние нудими други опции, заосновани врз програма, една од подбрите. Со промената на власта ќе ги почуствувате промените, но промените нема да се почуствуваат само во Скопје, туку и во Тетово и во сите други градови каде живеат Албанци. Ние во 2016 година мислевме дека ги урнавме режимот, но се урна пола од режимот. Нашата коалиција ќе донесе промена но и пад на другиот дел од режимот. Ние нема да дозволиме нашиот јазик да биде нарекуван 20 % туку Албански јазик.

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши, рече дека дојдено е времето за правда и правна држава. Само така можеме да го задржиме младите да останат во државата, во спротивно ако царува криминалот тие и понатаму ќе се иселуваат.

-Ова не е обична конвенција, од вечерва започнува караванот кој ќе ја донесе победата во Македонија. Ако нашиот досегашен политички ангажман влијае барем кај еден човек да верува дека во нашата држава може да се живее подобро, тогаш тоа е мотив повеќе ние да се бориме и да победиме на 15 јули. Мора да се смени политиката да го спречиме егзодусот кој и се случува на државата. Јас не се бавев со политиката, но многуте неправди ме натераа на тоа. Затоа на овие избори треба да одлучите дали ќе гласате за да продолжи исселувањето или овој егзодус да престане, рече Африм Гаши.

На конвецијата во Тетово се преставија и другите носители во изборните единици од Алијансата за Албанците и Алтернатива

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *