Серија земјотреси со епицентар во мавровскиот регион

Во текот на изминатата ноќ и утрово, тлото во поширокиот гостиварски регион не престана да се тресе. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше серија земјотреси со епицентар во Мавровско. Според нивните податоци вкупно ги имало пет, со мала до средна јачина.

Првиот е регистриран во 1 часот и 36 минути по полноќ и бил 3,6 степени според Рихтеровата скала. Во периодот од 2 часот и 29 минути до 3 часот и 39 минути, се случиле уште три послаби земјотреси. Најсилниот потрес беше утрово во 7 часот и 44 минути, со магнитуда од 3,7 степени. Утринскиот земјотрес беше почувствуван и од граѓаните во Гостивар. Освен мала вознемиреност кај населението, од овие потреси нема последици.  

На 11 номеври минатата година, во мавровскиот регион беше регистриран силен земјотрес со јачина од 5 степени, кој за среќа помина без повредени и жртви, но со материјални штети врз повеќе градби. Епицентарот беше лоциран во Леуново. И на 22 декември лани,  беше почувствуван земјотрес, со јачина од 3,3 степени со епицентар во истото село.

error: Content is protected !!