Се асфалтира патот Тетово-Бродец

Се реализира и 3-та фаза од асфалтирањето на патот Тетово – Бродец во должина од речиси 1000 метри. Од општина Тетово информираат дека активностите започнале од месноста Бањиче, а деновиве интензивно се работи на завршување на работите.

„Се завршува третата фаза деновиве, интензивно се работи на асфалтирање на патот. Освен тоа ќе се постави и улично осветлување. Ова е проект кој е поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Се работи за локација на која граѓаните често се движат, особено последниот период“, вели Снежана Новаковска, од Секторот за односи со јавност при Општина Тетово.

Од општината додаваат дека деновиве започнале и градежните работи на проектот „Пикник Место Бањиче“, со кој се предвидува регулирање на речното корито, базени за искористување на термоминералните ресурси и инсталација на урбана опрема. Овој проект е во вредност од 14.980.600 денари и е финансиран од грантови, за кои Општина Тетово се пријави во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на РСМ, велат од Општината.

error: Content is protected !!