Се гради нов конак во Лешочкиот манастир

После подолг период древното светилиште Лешочкиот манастир материјално се надоградува. На местото на помошните простории на западната страна од комплексот, денес беа поставени темели за изградба на нов конак.

Се работи за објект кој ќе има повеќе
намени, а ќе биде добра основа за враќање на монаштвото во ова светилиште.

Од Лешочкиот манастир, додадоа дека во меѓувреме се работи на конзервација на црквата света Богородица, но и реконструкција на стариот конак во склоп на комплексот.

Црквата света Богородица со години прокиснуваше, а фреските се ронеа, а стариот конак беше оставен на забот на времето. Свештениците велеа дека немаат право да интеревенираат, затоа што се работи за културно наследство. Од Министерството за култура пак се правдаа дека за двата објекти се одвојуваат пари, но според приоритет.

Архиепископот Стефан се надева дека во иднина на државата приоритет ќе и бидат и културно историските споменици, од кои голем дел од нив се оставени во заборав.

На забот на времето оставена и е црквата Свети Атанасиј над патот кон село Брезно, која е иста така заштитена со закон и е во состав на Лешочкиот манастир. Ѕидовите се рунирани подот речиси го нема, а внатре нема никакво црковно обележје.

Powered by Live Score & Live Score App